На 27 декември Скопје ќе биде разнесено во “Торнадо” од Легендарниот рок бенд “Елита 5”, кои полнат 30 години на албанската и македонската сцена, и ќе бидат претставени во Скопје со големиот концерт, со нивните стари хитови и со последниот албум со наслов “Торнадо”. “Елита 5”, група основана во 1988 година, се состои од 6 членови од Тетово, броејќи 8 албуми и десетици песни како “Ал Капоне”, “Јас не сум диктатор” и многу други хитови и последниот албум излезенпред два месеци на пазарот, “Торнадо”. Постојат 8-9 албуми и над 70 песни компонирани и испеени од нив. Ве очекуваме во Македонскиот Народен Театар на 27 декември 2018 година со почеток во 20:00 часот.

Ве информираме дека од 19 декември 2018 година заинтересираните лица можат да дојдат и да ги земат билетите за рок-концертот на групата ELITA 5 во ЈУ Културно Информативниот Центар – Скопје од 12:00 до 14:30 часот во Музички сектпор на КИЦ – Скопје кај Г.Кољос Цури. Бројот на билетите е ограничен, така што едно лице може да земе само 2 билети.