Културно-информативниот центар –Скопје, после застојот на активностите предизвикан од т.н “време на корона”

Почитувани,

Културно-информативниот центар –Скопје, после застојот на активностите предизвикан од т.н “време на корона , деновиве почна со подготовки во рамки на сите дејности за реализација на планираните настани .
Токму затоа засилено се прават подготовките за да се продолжи, таму каде што застанавме и да ги направиме промоциите на книгите и другите настани од областа на литературата.
Првите промоции ќе започнат од 1. јуни и според досега најавените мерки за движење ќе се одржуваат во 12 часот во паркот пред КИЦ (на отворено) со дистанца меѓу посетителите и заштитни маски на посетителите , учесниците и организаторите.
Доклку има промени во мерките , ние ќе се придржуваме до нив, а ако има продолжување на времето на ограничено движење , настаните ќе се одржуваат и од 18-19 часот.
Целта на КИЦ е во областа на културата двомесечниот застој да го надомести во текот на летото , во интерес на литературата и културата воопшто.За сите настани благовремено ќе бидете информирани.

Поврзани написи