|

КОНЦЕРТ- НИНОСЛАВ ДИМОВ, саксофон и МАЈА ПОПОВИЌ, пијано

Културно-Информативен Центар – Скопје има особена чест и задоволство да ве покани на концертот на НИНОСЛАВ ДИМОВ, саксофон и МАЈА ПОПОВИЌ,пијано – 4.12.2012/вторник/, Салон 19:19 , во 20. часот. На програмата ќе бидат изведени дела од : Јакоби, Рос, Никифор, Ковел и Матитиа.

Нинослав Димов дипломира на ФМУ о Скопје во класата на проф. Стојан Димов,а 2006 магистрира. Со своите студии продолжува во Берлин – Univerzitat der Kunst во класата на проф. Детлеф Бенсман каде во 2006 завршува додипломски студии по саксофон за да со специјализација “Konzert Examen” продолжи се до 2009 година. Редовен учесник на престижни семинари во Словенија, Франција, Германија.. Добитник на повеќе награди на државни и меѓународни натпревари. Нинослав Димов покрај многубројни рецитали бележи и повеќе солистички концерти со Македонската филхармонија, Косовската филхармонија, “Lietzeorchester” – Берлин. Водач на Квартетот саксофони “Димов” со настапи во Македонија, Србија, Хрватска, БиХ… Од 2007 година член и коосновач на “Bensman Saxophon Quartet” со бројни концерти во Германија. Нинослав Димов е доцент по саксофон на ФМУ во Скопје.
Маја Поповиќ дипломира 2003 со највискока оценка и магистрира во 2011 на ФМУ во Скопје во класата на проф. Евушка Елезовиќ. Редовен учесник на семинари по пијано раководени од реномирани пијанисти и педагози. Носител на повеќе награди на државни и меѓународни натпревари. Како солист и камерен музичар настапува во Македонија и надвор. Професор по пијано и камерна музика во ДМБУЦ “Илија Николовски-Луј” во Скопје.

Similar Posts