|

“ГИМНАЗИЈАДА“ – средба на таленти, 09.04-03.05.2019г.

Културната манифестација “ГИМНАЗИЈАДА“ – средба на таленти, веќе 10 години е присутна на културната сцена во град Скопје.
Желбата за уметничко изразување, ги здружи младите таленти од средните училишта, кои во рамките на проектните активности, подготвуваат театарски престави по сопствено, сценарио, режија, актерска игра, сценско движење, кореографија, музика, сценографија и костимографија.
Далечната 2009 година младите за прв пат ги презентираа своите уметнички остварувања на професионална сцена која е отворена за поширок круг публика.
Манифестацијата ги оствари и надмина сите наши замисли, очекувања и цели.
Донесе освежување на културната сцена во градот, веќе е препознатлива и со нетрпение очекувана.
Се оствари и најважната цел- добивме база од која се трасира животниот пат на многу талентирани млади луѓе, а некој од нив, веќе во 2014 година, се закитија со диплпми од уметничките факултети. Денес активно учествуваат во културниот живот на Македонија, а поединци постигна успех и надвор од нашите граници.
Од 2009 до 2018 година, манифестацијата ГИМНАЗИЈАДА се одржа 8 пати (2011г. и 2014г. паузиравме од оправдани причини)
реализирани – 54 претстави
учесници – над 900 ученици
публика – над 10.000 гледачи

Similar Posts