|

ИЗЛОЖБА НА ГРАФИКИ ОД РИДВАН АЛИТИ

Ве информираме дека во Културно Информативен Центар – Скопје , во Изложбениот салон – Империјал 2, среда, 12 декември 2012 год. во 20:00 ч. ќе се отвори изложба на графики од РИДВАН АЛИТИ.

На неговата 4-та самостојна изложба тој ќе се претстави со 20 графики работени последнава година.Роден е 1974 год. во Слупчане, Куманово. Факултет за ликовни уметности, оддел графика, завршил на Државниот Универзитет во Тетово и постдипломски студии на Факултетот за ликовни уметности во Скопје.Реализира 3 самостојни и повеќе групни изложби во Македонија, Албанија и Австрија.Добитник е на наградата „Ванѓуш Миу“, 2008 год. Корча, Албанија.Изложбата ќе биде отворена до 22 декември 2012 год.

Similar Posts