|

КОНЦЕРТ ДУО КОНДРАТЕНКО, АННА И ОЛЕГ КОНДРАТЕНКО,виолини, МАРИЈА ВРШКОВА,пијано

Културно-Информативен Центар – Скопје има особена чест и задоволство да ве покани на концерт ДУО КОНДРАТЕНКО, во состав Ана и Олег Кондратенко, Марија Вршкова, пијано што ќе се одржи на 10.12.2013/вторник/ во Салонот 19:19 во 20. часот. На програмата ќе бидат изведени дела од Леклер, Алнаес, Изаи, Бах, Брамс, Ричи, Барток, Форе, Дескоски, Трајчевски, Хендел и Халворсен.

Дуото Кондратенко е формирано од виолинистите Олег и Ана Кондратенко покрај своите индивидуални кариери го негуваат и камерното творештво. Формирано во 2002г., и одтогаш настапува редовно на сцените во Македонија – „Скопско лето“, “Охридско лето“, како и концерти во странство: Пантеон (Полска), Сала Бугарија- софија (Бугарија), Дом на Науките и Уметности- Новосибирск (Русија).
Дуото негува широк стилско-изразен спектар со композиции од барокот се до дела на современи автори. На своите концерти Дуото соработува со пијанистката Марија Вршкова, со која е снимен и нивниот прв компакт- диск во студиото М1 во МРТВ, а во издание на Младински Културен Центар.

Similar Posts