|

Изложба на слики и графики од ТАТЈАНА МАНЕВА

Ве информираме дека во Културно Информативен Центар – Скопје , во Продажен ликовен салон на КИЦ – Скопје, вторник, 15 октомври 2013 год. во 20:00 ч. ќе се отвори изложба на слики и графики од Татјана Манева. На изложбата тaa ќе се претстави со слики работени во акрилик на платно и графики во линорез, создадени 2013 год.

Ве информираме дека во Културно Информативен Центар – Скопје , во Продажен ликовен салон на КИЦ – Скопје, вторник, 15 октомври 2013 год. во 20:00 ч. ќе се отвори изложба на слики и графики од Татјана Манева.
На изложбата тaa ќе се претстави со слики работени во акрилик на платно и графики во линорез, создадени 2013 год.
Татјана Манева родена е 1978 година во Битола. Член е на ДЛУМ (Друштво на ликовни уметници на Македонија) и на ДЛУБ (Друштво на ликовни уметници на Битола). Факултет за ликовни уметности завршила во Скопје 2002 год. и 2004 година магистриралa , отсекот графика , на истиот факултет.
Од 2002 год. до денес реализирала 18 самостојни изложби во Македонија, Црна Гора и Франција..
Добитник е на 3 национални и 2 меѓународни награди за своето творештво.
Истата ќе биде отворена до 31 октомври 2013 год.

Similar Posts