|

ПРОМОЦИЈА НА КНИГА „БРОДОВИ“ ОД ПЕТРЕ ДИМОВСКИ

Културно-Информативен Центар -Скопје, ве поканува на промоција на книгата „Бродови“, од Петре Димовски, издавач:ПАНИЛИ, добитник на наградата „Стале Попов“ за најдобра проза на ДПМ, на ден 5.04.2012год.(четврток),Салон 19:19, почеток во 19:19 часот.

Петре Димовски, раскажувач,романсиер. Завршил Филолошки факултет. Работел како професор во основно училиште во Битола.Член е на ДПМ.

Автор е на книгите:“Преломи“(раскази), “Жед и жештини“ (раскази), “Црната мачка“(проза), “Ни свој“(проза) и други.

Добитник е на повеќе награди.

Романот „Бродови“од Петре Димовски, е воден на две паралелни нивоа: едното е сеќавање, прераскажување на настан од времето на војната, а втората е современ настан поврзан со животот на емиграцијата во Австралија. Двете дејства ги соединува вечната и нераскинлива љубов која не познава нации, раси и континенти.

Книгата ќе ја промовира Ефтим Клетников,поет, а извадоци од текст ќе интерпретира Зорица Панчиќ, артистка.

Similar Posts