|

УМЕТНИЧКО ПАТУВАЊЕ СО ОБРАБОТКИ НА АЛБАНСКИ СТАРОГРАДСКИ ПЕСНИ

Културно-Информативен Центар – Скопје има особена чест и задоволство да ве покани на “Уметничко патување со обработки на албански староградски песни” со ДЕСАР СУЛЕЈМАНИ,пијано,Германија-Албанија и ГУДАЧКОТО ТРИО KOSOVA во состав: Сихана Бадивуку,виолина, Блерим Груби,виола и Аристид Проси,виолончело,Албанија, 11.11.2011/петок/-Музеј на град Скопје-20.00 часот. Обработките на албански староградски песни за пијано квартет се од Десар Сулејмани.

        Десар Сулејмани е роден 1978 во Скадар,Албанија. Музичкото образование го започнува на шестгодишна возраст во родниот град. Продолжува во Тирана каде во Националното училиште за уметности “Jordan Misja” завршува средно музичко образование во класата на проф. Надежда Породини. Учесник и добитник на први и втори награди на национални натпревари по пијано. Во 1998 заминува за Германија каде и денес живее и работи. Дипломира и магистрира пијано, камерна музика и диригирање на Универзитетот за уметности  Folkwang во Есен во класа на видни професори. Од 2006 постојан диригент на Heinrich Heine Symphoniker  во Дизелдорф. Како диригент работи со познати оркестри во Германија, Албанија, Узбекистан, Косово… Покрај тоа продолжува да настапува како пијанист тесно соработувајќи со познати музички имиња.

       Гудачкото трио KOSOVA е формирано  во 2003 година од страна на еминентни инструменталисти Сихана Бадивуку,виолина, Блерим Груби,виола и Антонио Гаши, виолончело. Од основањето до денес настапува на познати фестивало, на концерти во Македонија, Косово и пошироко во регионот. На репертоарот на Триото застапени се дела од барокот до тие од современи композитори. Идејата на членовите е да се промовираат композиторите од Косово, Македонија, Албанија и Балканот пошироко  во Европа. Од 2008 година член на Триото е Аристид Проси,виолончело, Албанија.

Similar Posts