|

ИЗЛОЖБА НА СЛИКИ ОД ФАТМИР СТАВИЛЕЦИ

Во Културно Информативен Центар – Скопје , во изложбените салони – Империјал 1 и 2 , четврток, 20 октомври 2011 год. во 20:00 ч. ќе се отвори самостојна изложба на слики од Фатмир Ставилеци.

Фатмир Ставилеци  роден е 1947 год. во Штиме,  потекнува од Ѓаково, Р. Косово.

      Академија за ликовни уметности завршил во Приштина , во класата на

      проф. Таир Емра.

      Живее и твори во Скопје.

      Самостојни изложби: Љубљана, Ново Место и Скопје.

      Групни изложби:  Скопје – 1993, 1995, 1997, 2002; Тетово – 1994; Тирана, Р. Албанија –

      1994; Гостивар – 2000, 2004; Дебар – 2002; Струга – 2003 .

      На изложбата авторот ќе се претстави со 50 дела, работени во техника масло

      на платно , создадени последниве неколку години.

      Изложбата ќе биде отворена до 31 октомври 2011 год.

Similar Posts