|

Промоција на книгата„Стојач на работ ” од Филип Клетников

Културно-Информативен Центар – Скопје, има особена чест и задоволство да ве покани на Промоција на книгата „Стојач на работ ” од Филип Клетников, издаваќка куќа :Авант Прес, на ден 30.05.2018г. – Салон 19:19, почеток во 19:19 часот/
Филип Клетников стои на работ од 1984 година. Дипломира на Филолошкиот факултет “Блаже Конески“ на Катедрата за германски јазик и книжевност – преведувачка насока. Магистрира на интердисциплинарни средновековни студии (германистика, филозофија, историја на уметност) при универзитетот „Ото-Фридрих“ во Бамберг, СР Германија, како стипендијант на Германската академска служба за размена. Неговата поезија е преведувана на повеќе јазици и застапена во повеќе домашни и странски антологии на македонската поезија. Негови песни се застапени и во антологијата на младата екс- југословенска поезија „Ван кутије“. Освен поезија, пишува и објавува и раскази и есеи. Преведува и препејува од современ и средновековен германски јазик. Досега ги има објавено поетските книги: Некаде помеѓу (2007), Крило и непрелет (2011), Метафизички сино (2016)
Деновиве од печат излезе најновата поетска книга на Филип Клетников, “Стојач на работ“, во издание на „Авант-Прес“ од Скопје. Kнигата опфаќа триесетина песни во пет циклуси, и тоа: Creatio ex nihilo, Отпаднат од милост, Стојач на работ, Револуција и Incommensurabilia. Во својата рецензија за најновото поетско дело на Филип Клетников, истакнатиот критичар и филозоф Ферид Мухиќ ќе подвлече дека станува збор за антологиска поетска книга испеана од максимална височина во која со бравурозен поетски израз се сублимирани универзалните јанѕи и перенијалните дилеми на човекот како суштество застанато на работ од светот и соочено со ништото.
Книгата ќе ја промовирa:Ферид Мухиќ а извадоци од книгата ќе чита Снежана Конеска Руси-артист,музичка изведба:”Калевала”.

Similar Posts