|

Изложба на слики од Гајатри Манчанда, Индија

Во Културно Информативен Центар – Скопје , во Изложбениот салон – Империјал 1, четврток, 29 март 2012 год. во 19:00 ч.  се отвори изложба на слики од Гајатри Манчанда, ликовен уметник од Индија.
Гајатри Манчанда , ликовен уметник од Индија . Дипломирала англиска литература на Универзитетот во Њу Делхи и педагогија. Со сликарство се бави 15 години.
Како сопруга на индиски дипломат патувала и живеела во многу земји на светот ( моментално живее во Бугарија ) каде имала шанса да ги изложи своите дела .
Од 1996 год. до денес реализирала самосотјни изложби во Коломбо, ЊУ Делхи – повеќе пати, Торонто, Москва и Софија. Учествувала на повеќе групни изложби во Њу Делхи и Торонто.
На изложбата во КИЦ-Скопје таа ќе се претстави со 42 дела работени во техниките акрилик на платно и акварел.

Изложбата ќе биде отворена до 5 април 2012 год.

Similar Posts