|

ИЗЛОЖБА НА СЛИКИ ОД ЕМИЛ ШУЛАЈКОВСКИ „ ВО ОБЛАЦИТЕ“

На 12.05.(четврток) во изложбените салони Империјал 1и2 при КИЦ со почеток во 20.30 часот ќе се отвори самостојната изложба на слики од академскиот сликар Емил Шулајковски насловена „ВО ОБЛАЦИТЕ“

Емил Шулајковски дипломирал на ФЛУ – Скопје во класата на проф. Ана Темкова во 1992 г. Завршил постипломски студии – сликарство на истиот факултет во класата на проф. Родољуб Анастасов во 2001 г. Член е на ДЛУМ од 1993г.
Има реализирано седумнаесет самостојни изложби во Скопје, Битола, Куманово, Охрид, Белград, Ниш (Србија),Подгорица(Ц.Гора),
Љубљана(Р.Словенија),Нирнберг(Германија),Силер Сити, Лексингтон (САД).
Учествал на преку 70 групни изложби во земјата и странство.
Добитник е на четири национални награди за своето творештво.
На изложбата ќе се претстави со 50 слики,масло на платно создадени во последните четири години, а истата ќе биде отворена до 26.05 2011

Similar Posts