|

ЛИТЕРАТУРНА ВЕЧЕР ПОСВЕТЕНА НА ИЛХАМИ ЕМИН

Културно-Информативен Центар -Скопје, ве поканува на Литературна вечер по повод 80 годишниот јубилеј на Илхами Емин , во Салон Империјал 1 ,на 25.05.2011год.(среда), почеток во 19:19 ч.

Илхами Емин- поет, преведувач од турската националност во Македонија. Завршил Педагошка академија во Скопје. Работел во Републичкиот комитет за култура и како уредник на весникот „Заман“. Член е на Македонскиот ПЕН центар и на ДПМ.
Автор е на стихозбирките: “Трагање“, “Животот пее и плаче“, “Трендафил- дом“, “Ѓулпат“ и др.
За неговото творештво ќе говори проф. др. Кирил Темков, извадоци од делата ќе чита Сејхан Јакупи, музичка изведба Џенгиз Ибрахим- канон.

Similar Posts