|

Промоција на книгата „Беким Фехмиу –Косовскa одисеa, од Фахри Муслиу

Фахри Муслиу e роден 1948 година во Драгаш (Косово). Тој е новинар во пензија, повеќе од три деценииработел како дописник од Белград за медиумите на албански јазик во Косово, „Гласот на Америка„ „BBC„ „Зери„, „Лајм„ „Коха диторе„ „Борба„ „Данас„ „Вјесник„ и др. Има издадено и преведено неколку книги на албански и српски јазик.
Фахри Муслиу во делото „Беким Фехмиу –Косовскиa одисеа„ одблиску го прикажува ликот, делото но и животот на овој голем албански уметник на поновото време. Во делото се прикажани брилијантните филмски улоги на Беким Фехмиу, кои оставија недвосмислен траг во балканската но и светската кинематографија. Делото има осум Поглавја.
Книгата ќе ја промовираат,Ќани Нухиу и авторот.

Similar Posts