|

Изложба на проф. д-р. ЃОРЃИ ЗДРАВЕВ (1941 – 2007 )

На ретроспективната изложба ќе бидат презентирани цртежи и скици за филмска, телевизиска и театарска костимографија, како и неколку костими – експонати од богатото творештво на овој реномиран, уметник, костимограф, етнолог, професор.
Изложбата ќе биде отворена до 15 мај 2018 год.
Во неговиот голем и значаен творечкиот опус влегуваат повеќе од 50 театарски претстави, што тој костимографски ги обликувал. Уметник – костимограф, со бројни театарски, телевизиски и филмски костимографски остварувања. Некои од нив денес спаѓаат во македонска класика на својата потесна ликовна област.
Ценејќи ја работата на проф. д-р Ѓорѓи Здравев како научник, можеме да кажеме дека во втората половина на 20 век, тој спаѓа меѓу ретките истражувачи и теоретичари на етнографските и естетските карактеристики на македонската народна носија и целокупното текстилно народно творештво. Одеше напред со големи чекори за да пополни барем дел од оној неразумно создаден вакуум од повеќе од триесет години непостоење студии по етнологијата во Македонија во периодот 1953-1986.

Similar Posts