|

ИЗЛОЖБА НА СЛИКИ ОД БЕДРИ САРАЧИНИ

Во Културно Информативен Центар – Скопје , во Изложбените салони – Империјал 1 и 2, четврток, 15 ноември 2012 год. во 20:00 ч. ќе се отвори изложба на слики од Бедри Сарачини.

На изложбата авторот ќе се претстави со 47 дела, масло на платно, создадени 1997 – 2010 год.Бедри Сарачини роден е во Косовска Митровица 1943 год. а од 1945 җивее и работи во Скопје. Педагошка академија завршил во Скопје во класата на проф. Вангел Коџоман. Академија за ликовни уметности завршил во класата на проф. Тахир Емра на Државниот Универзитет во Тетово. Реализирал 8 самостојни и повеќе групни изложби во Македонија и Албанија.Неговата изложба е по повод прославата 100 години од независноста на албанската дрҗава и националното знаме.Изложбата ќе биде отворена до 24 ноември 2012 год.

Similar Posts