|

ВАСЕ УРДИН ИЗЛОЖБА

Ве информираме дека во ЈУ Културно Информативен Центар – Скопје, во Изложбените салони – Империјал 1 и  2 , четврток, 18 октомври  2018 год. во 20:00 ч. ќе се отвори изложбата на скулптури од ВАСЕ УРДИН..
На изложбата авторот ќе  изложи скулптури  од неговиот богат творечки опус.

Изложбата ќе биде отворена до 30. 10. 2018 год.

Изложбата на Васе Урдин во Културно-информативниот центар Скопје претставува потсетување на изминатиот творечки пат на овој извонреден самоук уметник кој неуморно работи, без разлика дали создава скулптури или предмети од применетата уметност.

За него ореовото дрво како материјал е инспирација за креативна имагинација, при што тој длабоко навлегува во структурата и тајните на дрвото за да создаде симбиоза помеѓу енергијата на дрвото и уметничката креација, којашто како краен резултат ja има  убавината.

Скулптурите на Васе Урдин се чисти, без оптоварувања од непотребни детали. Женското тело е негов најчест мотив. Сензибилноста на авторот се чувствува при првиот поглед. Тие скулптури речиси го мамат гледачот да ги допре и да ги погали, за да ги почувствува преку допирот мазната извиена форма на дрвото и  споменатата енергија која зрачи од нив.

Similar Posts