|

ИЗЛОЖБА НА ФОТОГРАФИИ „ БОИ “ ОД ВЛАДИМИР АРСОВСКИ

Во Културно Информативен Центар – Скопје , во изложбениот салон – Империјал 1, вторник, 29 ноември 2011 год. во 20:00 ч. ќе се отвори изложба на фотографии, насловена БОИ од ВЛАДИМИР АРСОВСКИ. В. Арсовски роден е 1957 год. во Скопје. Дипломиран електроинжињер по информатика и фотографија.Член е на фотоклубот ЕЛЕМА од Скопје и Фотосојузот на Р. Македонија, каде држи фотографски курсеви на млади автори. Реализирал 2 самостојни изложби , а учествувал на групни изложби во земјава и странство, каде добил награди и признанија. Автор е на над 700 фотографии во мултимедијалната монографија Amazing Мacedonia 2009, која доби 3 високи меѓународни признанија во Италија и Хрватска. Негови фотографии се употребени во многу публикации во земјава и странство. На изложбата , насловена БОИ, авторот ќе изложи 22 фотографии, со мотиви од македонскиот предел. Изложбата ќе биде отворена до 10 декември 2011 година.

Similar Posts