|

ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА “ЗАУМНА ВЕЧЕРА” ОД БОРЧЕ ПАНОВ

Културно Информативен Центар -Скопје, ве поканува на промоција на книгата „Заумна вечера“, од Борче Панов, во издание на ДИЈАЛОГ, на ден 19.10.2012год.(петок), Салон 19:19, почеток во 19:19 часот.

Борче Панов, поет и есеист од Радовиш. Дипломирал Книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје. Работи во Локалната самоуправа на Општина Радовиш. Раководител на манифестацијата „Караманови средби“. Член е на ДПМ.
Автор е на поетските книги: “Што виде Чарли Ч од наопаку“, “Циклонско оро“, “Стоп Чарли“ и други. Автор е на повеќе сценски дела и на книжевни есеи.
Во неговата поетска книга „Заумна вечера“ Борче Панов со еден волшебен јазик ја има моќта во себе да ја прегрне и прими вселената на исконската мисла и да и даде една нова смисла, една нова топлина и еден само нему својствен, блескав поетски јазик во кој лирското и рефлективното се во совршена хармонија како една мелодија на животот, но и едно длабоко согледување над бездните на нашите животи.

Similar Posts