|

„Македонска илустрирана енциклопедија за деца“

Културно-Информативен Центар – Скопје, има особена чест и задоволство да ве покани на промоција енциклопедијата „Македонска илустрирана енциклопедија за деца“, во издание на ЕДУКА МАК од Скопје. чии автори на делото се: м-р Ели Маказлиева, Татјана Грегова и Александра Велинова, збогатена со илустрациите на Игор Јовчевски, на ден 18.10.2018 година во 13.00 часот., Салон 19:19,
Оваа енциклопедија според својата оригиналност и единственост е прва од ваков вид во Република Македонија и е оригинално дело на тим македонски автори.Енциклопедијата има за цел да ја поттикне љубопитноста и интересот кај децата за себе и својата татковина и првенствено е наменета за деца од 5 до 10 годишна возраст, но има можност да ја користат сите деца и помалите и поголемите.
Содржините на ова уникатно дело имаат за цел, исто така, да влијаат на децата врз формирањето на сликата за себе , како и врз создавањето и негувањето на чувството на припадност и идентитет. Дотолку повеќе што ова дело е создадено од автори кои ги познаваат детските развојни карактеристики и потреби.
Во неа се обработени 39 тематски содржини кои даваат основни информации за татковината – Република Македонија, за нејзините убавини како и позначајни податоци прилагодени на возраста на детето.Оригиналните илустрации на неверојатен начин ги презентираат содржините како неизоставни елементи кои ќе го дооформат впечатокот на енциклопедијата.
Идејно-концепциската и содржинската структуираност на тематските содржини- од попросто кон посложено, дава посебен белег за приемчивост и достапност за децата, дополнувајќи го дефицитот на литература од ваков вид кај нас и создавајќи драгоцен придонес во литературата за деца.
Промотори: проф. д-р Христо Петрески и Ели Маказлиева

Similar Posts