|

Изложба на Нехат Беќири

Културно-Информативен Центар – Скопје има особена чест и задоволство да ве покани на отворањето на изложбата и лик. перформанс на Нехат Беќири, 21. јануари, (четврток), 2010, 20:00 часот.  Роден во Тетово, 1967. Дипломира на Факултетот на ликовна уметност во Приштина, отсек сликарство, во класата на професор Мулсим Мулиќи. Магистрира на истиот факултет, 2001. Професор е на Државниот Универзитет во Тетово и на Меѓународниот универзитет во Нови Пазар и Ниш. Учесник на бројни групни изложби и ликовни колонии во Македонија и ширум Европа. Добитник на повеќе државни и меѓународни награди.

„Реално, секој уметник тежнее за автобиографски превод на неговиот живот. Градејќи се себеси, уметникот ја гради сопствената автобиографија и ја пренесува преку делото. Но, иако неговите алудирачки слики се силна метафора на едно доживеано искуство, сепак, визуелната поетика успева да ја гради барајќи хармонија во склоп на разни контексти: место, време, она што се одредува како интимно и јавно, или пак, локално и глобално. Ова Нехат го прави со мерка, без патетика и силни екпресионистички гестови. Со оформена интуиција и со јасно артикулирани поими, авторот се обидува да се поткрадне на личните сознанија и да патува во други емоционални, естетски и концептивни простори, успевајќи интимното да го изразува општото. Само преку непрекинато медитирање над себе и сè наоколу, уметникот собира храброст да говори за универзални вистини.“

Нора Халими

На изложбата, ќе бидат претставени дваесет и осум дела (акрилик на платно) настанати, тековнава, 2009 год. Карактеристичен е фактот што ќе бидат претставени дела со огромни димензии: 2.50 х 4.50 м.; 2.30 х 4.00 м… Предговорот за каталогот го подготви лик. критичар Нора Халими. Отворањето на изложбата ќе биде проследено, со несекојдневен лик. перформанс, притоа, Беќири наместо четки и бои, ќе користи четири илјади јајца. Изложбата ќе биде отворена во двете изложбени галерии, вклучително и продажно-изложбената галерија, каде ќе биде изведен перформансот, до 20. февруари, 2010.

Similar Posts