|

Изложба на Жарко Башески

Роден е во Прилеп 1957 год. Факултет за ликовни уметности завршил во Скопје 1988 год.. Постдипломски студии ги завршил во истата институција во 1998 год. Член на ДЛУМ од 1988 год

Од 1989 год., работи на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, а во 2010 год., е избран за редовен професор на Катедрта за вајарство на истиот факултет. Има реализирано 9 самостојни изложби во Скопје, Њујорк, Битола и Прилеп. Учесник е на повеќе групни изложби во земјата и странство. Има изведено 9 јавни скулптури и споменици во Македонија. Добитник е на 8 национални награди за скулптура.    Во скулптурите на Жарко Башески, повеќе елементи се новина во македонската скулптура – хиперреалистичниот третман, техничката изработа и употреба на новиот материјал, димензиите на делото, концептот-кои споени во едно нудат повеќеслојни исчитувања на уметничкото дело. Не само според изработката, туку и според својата технолошка изведба, делата се сведуваат во рамките на реализмот, за кој се подразбира дека како основа ја користи фотографијата како „имперсонален и објективен почеток на прикажувањето“. Конкретно, се „ користи“ моќта на фотографијата за пренесување на најситните детали и за изразување на интензивна и прецизна хипер-реалност .

Изложбата претставува три различни типа на човек. Врската меѓу трите лика – авторот/уметник, обичниот човек и имагинарниот портрет- ја наоѓаме во генералната претстава на човештвото, поточно човекот како симбол на постојаната егзицијална борба која опфаќа реални животни и историски влијанија, но и имагинарни состојби на духот.

Изложбата ќе биде отворена до 05.05 2010 година.

Similar Posts