|

ГРУПНА ИЗЛОЖБА – “ЦРВЕНИ УТРА“

ГРУПНА ИЗЛОЖБА –  “ЦРВЕНИ УТРА“На 27.12.2010 год., Културно Информативен Центар – Скопје во соработка со асоцијацијата за уметност АРТ ФАКТОР, во Империјал 2, во 20,00 ч.,  ќе  се отвори групна ликовна изложба од 15 автори, насловена ЦРВЕНИ УТРА. … “ Црвеното како императив! Императивот на Црвеното.  Црвеното како СМС порака од Градот.  Оти, градот најмалку ја познава и почитува црвената – бојата на животот, страста, крвта, драмата – освен, можеби во своите ретки изгрејсонца и зајдисонца, кога си дозволува наплив/налет на црвеното. …“                                                                 Елизабета Шелева
На изложбата ќе учествуваат: Сергеј Андреевски, Емилија Божиновска, Кристина Божурска, Тони Васиќ, Сергеј Дамовски, Симонида Филипова Китановска, Милош Коџоман, Мирослав Масин, Сашо Поповски, Христијан Санев, Дита Старова, Мирослава Микица Трујкановиќ, Филип Фидановски, Симон Шемов  и Емил  Шулајковски.
Изложбата ќе биде отворена до 15.01.2011 год.

Similar Posts