|

Изложба и промоција на книга од Ева Петрич, Р. Словенија

Културно Информативен Центар – Скопје ве поканува на отворање изложба на фотографии, насловена” ЕДНА ГОЛЕМИНА ОДГОВАРА ЗА СИТЕ” и промоција на книгата “СИТЕ ЈАДЕA СУШИ” од ЕВА ПЕТРИЧ , Р. Словенија, вторник, 19 април 2011 год., Продажен ликовен салон на КИЦ- Скопје, во 20:00 часот. Ева Петрич родена е 1983 год. во Крањ, Словенија. Живее и работи во Виена, Австрија.

Дипломирала психологија и визуелна уметност на Универзитетот Вебстер во Виена. Магистрирала нови медиуми на Трансарт Универзитет во Њујорк.
Со нејзини фотографии, филмски сценарија и перформанси се претставила во Словенија, Австрија и САД.
Реализирала 19 самостојни и 32 групни изложби во повеќе земји на светот.
На изложбата во КИЦ – Скопје ќе се претстави со 8 фотографии и видеопроекцијата – ИНКУБИРАЊЕ ИДЕАЛИЗAМ.
Добитник е на повеќе награди и признанија.
Ева Петрич е автор на книгите: „Овој простор е кутија”, збирка песни збогатена со нејзини црно-бели фотографии, подоцна преведена на германски јазик и „Кутија без кожа, лебдечка“, роман, преведен на шпански јазик.
Романот “СИТЕ ЈАДЕА СУШИ” е љубовна приказна преведен на македонски, англиски и словенечки јазик.
Промотор проф. др. Владимир Мартиновски.
Изложбата ќе трае до 26 април 2011 год.

Similar Posts