|

ИЗЛОЖБА НА СЛИКИ ОД ИСА АЛИМУСАЈ, ликовен уметник од Р. Косово

Во Културно Информативен Центар – Скопје, четврток, 14 април 2011 год. , во Изложбените салони – Империјал 1 и 2, во 20:00 ч. ќе се отвори изложба на слики , насловена СЕЌАВАЊЕ НА ДЕТСТВОТО од ИСА АЛИМУСАЈ, ликовен уметник од Р. Косово

 

Иса Алимусај е роден 1950 год. во Горен Стрелц. општина Дечане, Р. Косово.
Факултет за ликовни уметности завршил во Приштина , во класата на проф. Муслим Мулиќи, 1980 год. а постдипломски студии на Академијата за ликовни уметности во Белград  во класата на проф. Александар Луковиќ. Член е на Здружението на ликовни уметници на  Р. Косово и Здружението на ликовни уметници за применета уметност на Пеќкиот регион.
Професор е на Факултетот за ликовни уметности во Приштина.
Реализирал 17 самостојни изложби во Р. Косово, Р. Македонија, Албанија, Р. Србија и  Р. Хрватска. Учествувал на над 90 групни изложби во Р. Косовои и други земји во светот , како и на неколку ликовни колонии. Добитник е на 7 национални и 1 меѓународна награда за своето творештво.
На изложбата насловена Сеќавање на детството од , Иса Алимусај ќе се претстави со дела работени во техниките масло на платно и акрилик на хартија,  создадени 2008 / 10 година.
Изложбата ќе биде отворена  до 27. 04. 2011 год.

Similar Posts