|

„ДОАЃАМЕ“ Рецитал Анастасија Волчевска, пијано

Културно-Информативен Центар – Скопје има особена чест и задоволство да Ве покани на рециталот на АНАСТАСИЈА ВОЛЧЕВСКА, пијано, 18.10.2011 (вторник), Музеј на Град Скопје, 20.00 часот. На програмата ќе бидат изведени дела од Бах, Бетовен и Лист. АНАСТАСИЈА ВОЛЧЕВСКА е родена во Тетово каде во ДМУ “Тодор Скаловски – Тетоец “ завршува нижо и средно музичко образование во класата на проф. Симеон Стефкоски. Сега е студент четврта година на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на проф. Рита Трпчева – Поповиќ. Учесник на бројни семинари по пијано раководени од еминентни солисти и професори. Добитник на повеќе награди на државни и меѓународни натпревари. Во текот на образованието настапува на бројни солистички и групни концери во Македонија.

Рециталот на АНАСТАСИЈА ВОЛЧЕВСКА е во рамки на циклусот “ДОАЃАМЕ…” преку кој КИЦ продолжува со традицијата на ексклузивни концерти на оние таленти кои веќе ја аргументирале својата концертна перспективност низ бројни настапи за своите учебни институции, за МММ, но исто така и низ бројните освоени награди на државните и меѓународните натпревари за ученици и студенти по музика.

Similar Posts