|

Промоција на албумот МУСТАФА ИМЕРИ – ТЕНОР

Во Културно Информативен Центар – Скопје, среда, 28 март 2012 год. во Салон 19:19 во 20:00 ч. ќе се промовира албумот МУСТАФА ИМЕРИ – ТЕНОР.
Мустафа Имери роден е 09.07.1981 год. во Скопје. Основно училиште завршил во родниот град, а средно образование во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ , Скопје, отсек соло-пеење. Дипломирал 2008 год. на Факултетот за музички уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во класите на проф. Милка Ефтимова и проф. Билјана Јакимовска., соло-пеење. Продолжува на постдипломски студии во Скопје.
Работи како раководител на албанскиот музички оддел и проф. по соло – пеење во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“, потпретседател е на Сојузот на албанските музичко-балетски уметници во Македонија – САМБУМ и како музички советник во Културно Информативен Центар – Скопје.
До сега има реализирано еден албум, насловен „Удираат три дајриња’ и снимил четири видеоспота со песни од истоимениот албум.
Новиот албум е насловен „Мустафа Имери – Тенор“, содржи осум песни, четири албански и четири италјански.

КОНЦЕРТИ

2003 – Скопје, Концерт со оркестарот на Македонската филхармонија за денот на ОН
2004 – Концерт со Мандолинскиот оркестар на диригентот Рамадан Шукри
2005 – „ Интерфст“ – Битола, фестивал за класична музика
2008 – Операта „Венус Вилијамс“ на „Охридско лето“ ( Албански театар )
2009 – Концерт на „Скопско лето“ со камерниот оркестар на МОБ
2011 – Гала концерт со „Биг-Бенд“, оркестарот на Радио телевизија Косово, Скопје

Similar Posts