|

Рецитал на Катерина Бачевска

Почитувани,Културно-Информативен Центар – Скопје, има особена чест и задоволство да ве покани на рециталот на КАТЕРИНА БАЧЕВСКА, флејта во пијано придружба

на МАРИЈА ВРШКОВА, 16.03.2010 год., / вторник/ , Салон 19,19, 20,00 час. На програмата ќе бидат изведени дела од Гобер, Тилу, Мартен, Тафанел и Дитије.Катeрина Бачевска, родена 1989 год., во Охрид, музичкото образование го започнува во родниот град. Средно музичко обрзование завршува во ДМБУЦ ,,Илија Николовски – Луј,, во Скопје, во класата на проф. Б.Станковска. Сега е студент трета година на ФМУ во Скопје во класата на проф. Страшо Темков.

Учесник на бројни семинари по флејта во Грција, Бугарија, Германија, Ирска… раководени од видни професори.Добитник на бројни награди на државни и меѓународни натпревари. Реализира рецитали во Скопје – Салон 19,19 и Даут Пашин Амам, и во повеќе градови во Македонија, настапи со Македонска филхармонија со најдобрите млади музичари од Македонија.

Рециталот на Катерина Бачевска е во рамките на циклусот ,, Доаѓаме..,, преку кој КИЦ продолжува со традицијата на ексклузивни концерти на оние таленти кои веќе ја аргументирале својата концертантна перспективност низ бројни настапи за своите учебни институции за МММ, како солисти на ,, Подиумите на млади,, на МФ, но исто така и низ бројните освоени нагрди на државните и меѓународните наптревари за ученици и студенти по музика.

Similar Posts