|

КОНЦЕРТ НА СКОПСКИ ДУВАЧКИ КВИНТЕТ

Културно-Информативен Центар – Скопје има особена чест и задоволство да ве покани на концертот на Скопски дувачки квинтет во состав: Ванчо Аревски,флејта, Васил Атанасов,обоа, Ристо Ѓоревски,кларинет, Марјан Милошевски,фагот и Александар Гошев,хорна. Концертот ќе се одржи на 10.04.2012/вторник/, во Салонот 19:19 со почеток во 20 часот. На програмата ќе бидат изведени дела од: Моцарт, Љадов, Прокопиев, Хиндемит и Арнолд.
Скопскиот дувачки квинтет постои повеќе од триесет години и претставува дел од една традиција за камерна дружба меѓу плеада македонски уметници од дувачката фела. Овој камерен состав во текот на своето постоење изведува дела од светската ризница како и дела од македонски автори, некои и специјално напишани за овој ансамбл. Остварил голем број настапи во земјата и пошироко, како и бројни тонски и ТВ записи. Заради свооите успеси Скопскиот дувачки квинтет е многупати наградуван со врвни награди и признанија. Од 2002 година составот ја продолжува својата уметничка дејност под уметничко водство на проф. Васил Атанасов. Сегашниот состав го сочинуваат познати македонски уметници членови на Камерниот оркестар Скопски солисти, Македонската филхармонија и Македонската опера и балет. 

Similar Posts