|

Cонатна вечер на СИХАНА БАДИВУКУ,виолина и МАЈА КАСТРАТОВИЌ,пијано

Културно-Информативен Центар –Скопје има особена чест и задоволство да ве покани на сонатна вечер на Сихана Бадивуку,виолина и Маја Кастратовиќ,пијано. Истата ќе се одржи на 3.05.2012, четврток, во Салонот 19:19 со почеток во 20.00 часот. На програмата ќе бидат изведени дела од Бетовен, Брамс и Франк.

Сихана Бадивуку,истакната албанска виолинистка , родена е во Приштина 1967 година. Нижо и средно музичко образование завршува во родниот град во класата на проф. Б. Димчевски и проф. П. Верников. Дипломира и магистрира на Конзерваториумот “П.И.Чајковски” во Москва во класата на проф. Е.Чугаева. Во 1994 завршува мастер курс на престижната “Academia Chigiana”, Сиена, Италија во класата на проф. Uto Ughi. Рециталски и со оркестар има многубројни настапи во Македонија, Европа, САД соработувајќи си видни диригенти и пијанисти. Учесник на повеќе меѓународни натпревари за виолина. Сихана Бадивуку е концерт мајстор на Косовската филхармонија, член на ансамблот “Vivendi”, Гудачкото трио “Kosova”.

Маја Кастратовиќ е родена 1969 во Скопје, каде во ДМБУЦ “Илија Николовски –Луј” завршува нижо музичко образование. Продолжува во Москва каде завршува средно музичко образование и дипломира на Конзерваториумот “П.И.Чајковски” во класата на проф. Љ.В.Рошчина. Магистрира на ФМУ во Скопје во класата на проф. Б. Романов.

Реализира бројни солистички настапи,во камерни состави, со Македонската филхармонија во Македонија, Европа, САД. Од 2001 живее и работи како професор по пијано и корепетитор во Словенија.

Similar Posts