|

Промоција на книга “Редење на времето” од Ристо Ѓ. Јачев

Во Културно-Информативен Центар -Скопје, се одржа промоција на книгата „Редење на времето“, од Ристо Ѓ. Јачев, издавач:МАКАВЕЈ, добитник на наградата„Ацо Шопов“ на ДПМ, за најдобра стихозбирка, на ден 29.03.2012год.(четврток),Салон 19:19, почеток во 19:19 часот.
Ристо Ѓ. Јачев, поет, раскажувач, романсиер, драмски автор, преведувач.Завршил Филолошки факултет во Скопје.Работел во Македонското радио.Член е на ДПМ.
Автор е на дваесет збирки поезија како и на романите:“Алексеј“(роман), “Кавал и магија“, (поезија), “Јаков“,(роман), “Патот на ангелите“,(трилогија), “Моите соништа“,(драми), „Сонот на свештеникот“(роман) и многу други.
Добитник е на повеќе награди.
Во најновиот поетски ракопис „Редење на времето“, на Јачев се сублимирани стожерните тематски пунктови и одбележја на неговата препознатлива поетика и не само што ја продолжува туку и ја продлабочува својата четиридецениска макотрпна мисија на суптилен лирски хроничар на сагата за прогонството, но и за непокорот и величието на човековото достоинство.
Книгата ќе ја промовира проф.др. Владимир Мартиновски, а стихови ќе чита Владимир Јачев,артист.

Similar Posts