|

КОНЦЕРТ ГУДАЧКО ТРИО KOSOVA

Културно-Информативен Центар – Скопје има особена чест и задоволство да ве покани на концерт на Гудачко трио KOSOVA, во состав Сихана Бадивуку,виолина, Бларим Груби, виола и Аристид Проси, виолончело, што ќе се одржи на 26.11.2013/вторник/ во Салонот 19:19 во 20. часот. На програмата ќе бидат изведени дела од Бетовен, Григ, Лекај-Лековски и Доњани.

Гудачкото трио KOSOVA е формирано во 2003г.,од еминентни музички уметници Сихана Бадивуку,виолина, Блерим Груби, виола и Антонио Гаши,виолончело. Од основањето до денес Гудачкото трио KOSOVA е учесник на познати фестивали, на концерти, проекти во Косово и пошироко во регионот:Kosova Kamerfest, ReMusica, Ars Kosova Music Competition for Youth, Фестивал „Охридско лето“, „Multi- Kulti“, каде во состав трио, пијано квартет, пијано квинтет, гудачки секстет, соработува со видни музички имиња како: Derek Han, Pavel Veznikov, Francesco de Zan, Stefan Wirth, Dino Mastroyiannis, Борис Прешевиќ, маја Кастратовиќ…
На репертоарот на Гудачкото трио KOSOVA застапени се дела од барокот до современи композитори. Многу од албанските композитори ги посветуваат своите дела на Триото. Идејата на членовите е да се промовираат композиторите од Косово, Македонија, Албанија и Балканот пошироко,во Европа.
Од 2008г., нов член на Гудачкото трио KOSOVA е виолончелистот од Албанија Аристид Проси.

Similar Posts