|

Изложба на принтови “КОНЦИ И ТКАЕЊЕ“ од Лира Зајми

Културно Информативен Центар – Скопје ве поканува на изложба “Конци и Ткаење“, од Лира Зајми, ликовен уметник од Приштина. Изложбата ќе се отвори на 7 мај 2015 (четврток), во изложбениот салон – Империјал 2, во 20:00 ч.

Културно Информативен Центар – Скопје ве поканува на изложба “Конци и Ткаење“, од Лира Зајми, ликовен уметник од Приштина. Изложбата ќе се отвори на 7 мај 2015 (четврток), во изложбениот салон – Империјал 2, во 20:00 ч.

Лира Зајми дипломирала на Универзитетот во Приштина, Факултет за ликовни уметности, оддел графички дизајн. Последипломски студии, графичкa комуникација, завршила во Белград на Факултет за применети уметности. Mагистрирала графички дизајн на Приштинскиот универзитет, Факултетот за уметност во областа на визуелни комуникации. Член е на професионалните здруженија на Косово и Хрватска. Таа има добиено статус на самостоен уметник (ХЗСУ – Здружението на хрватски sлободнi уметници).
Соработува, во областа на графичкиот дизајн, со бројни агенции, издавачи, институции и компании, агенции: Министерството за туризам на Р. Хрватска, Хрватската туристичка асоцијација (ХТЗ), Вјесник маркетинг агенција (Ефес ’64), Атлас Патување Агенцијата, American Express, Програф маркетинг агенција, Атлас Airtours агенција, Загребски саем, итн.
Реализирала неколку самостојни и групни изложби во Хрватска (Загреб), Косово (Приштина, Призрен, Пеќ) и Албанија (Тирана, Берат, Скадар, Фиер).
Добитник е на “Маркетинг разлика награда” за промотивни рекламни, доделени од страна на Колумбо прес.
Работи како професор во областа на визуелни комуникации, корпоративен дизајн и дизајн на производи во Приштина на Факултетот за ликовни уметности.
Твори во областа на графичкиот дизајн, фотографијата и дизајн на ентериер.

Similar Posts