„Звукот на Скопје“ градски летен фестивал

„Звуците на чаршијата“, оваа година под девизата „Звукот на Скопје“ ќе прерасне во фестивал со многу новини и изменет концепт. Носечката манифестација на Културно информативниот центар – Скопје ќе биде во формат на дводневен скопски летен фестивал на отворено, на кој ќе настапат актуелни и свежи локални и интернационални имиња.
🆕 „Звукот на Скопје“ значи свеж здив во жешкото и долго скопско лето и обид за заситување на културната глад на скопската сцена, со современи музички збиднувања и разновидна културна понуда од спектарот на активности на центарот.
💯 „Звукот на Скопје“ значи и нов, летен, open air фестивал, кој има намера да прерасне во ново скопско музичко жариште. Простор каде на голема сцена ќе може да се видат и етаблирани, но и нови групи кој сѐ уште ја бараат довербата од градот. Значи и промовирање на нови концертни локации во градот, оживувајќи ги во културен контекст.
„Звукот на Скопје“ е фестивал кој ќе се случи на 16 и 17 септември, а програмата проследете ја во продолжение…

Прес конференција: https://fb.watch/fo76rWzFCj/

⚠️ ЗВУКОТ НА СКОПЈЕ фестивалска програма

📆 Петок 16 септември

📌 Плоштад Мајка Тереза:
– Хајка
– Дина Јашари & другари
– KONSTRAKTA Zemlja Gruva

📌 Низ чаршија:
– Вива Стрингс
– Diaz Wojtas Duo Стоковна мост

📌 КИЦ (Империјал I):
– MACEDONIA, изложба на Daniel Chastinet & Wilson Neto

📆 Сабота 17 септември

📌 Плоштад Мајка Тереза:
– Брука бенд
– Foolish Green
– Бла бла бла
– Toни Китановски
– Љубојна

📌 Ибни Пајко
– Баклава
– Добрила и Дориан Дуо
– Перија
+
– Изложба на колажи на Игор Калц
– Поетско читање
– „Куферко, светскиот патник од Македонија“ – детска претстава

Настан: https://www.facebook.com/events/796969595077852?ref=newsfeed
Прес конференција: https://fb.watch/fo76rWzFCj/

🖌Илустрација и дизајн: Гоце Илиевски

💵 Сите активности се поддржани од Град Скопје и Министерството за култура.

#ЗвукотнаСкопје
#ЗвуцитенаЧаршијата
#КИЦ

Similar Posts