|

Изложба на принтови од проф.Ерос Иштван , ликовен уметник од Унгарија

Ве информираме дека во ЈУ Културно Информативен Центар – Скопје, во Изложбениот салон– Империјал 2 , четврток, 19 април 2018 год. во 20:00 ч. ќе се отвори изложба на принтови од проф.Ерос Иштван , ликовен уметник од Унгарија.
Изложбата ќе биде отворена до 30. 04. 2018 год.

Ерос Иштван е реномиран мултимедијален уметник од Унгарија. Своето образование го стекнува во универзитетите во Виена, Хаг, Будимпешта и Марсеј. Работи како професор и раководител на катедрата за визуелни уметности во универзитетот „ Карол Естерхази“ во Егер – Унгарија.

Ерос Иштван на изложбата во КИЦ се преставува со 20 принтови од боди арт перфоманси и инсталации реализирани во последните осум години во Мексико, Индија, Унгарија и Кореја.

Similar Posts