|

КНИЖЕВНА ВЕЧЕР СО ИВАН АНТОНОВСКИ

Во организација на КИЦ – Скопје, на 12 декември 2013 година (четврток), во салонот „19:19“, со почеток во 19 часот и 19 минути ќе се одржи книжевна вечер со Иван Антоновски. Повод за одржување на овој настан на кој ќе биде претставено севкупното досегашно творештво на Антоновски како поет, есеист, публицист, антологичар, книжевен критичар и преведувач се многубројните негови успеси во изминатиот период.

Неговата најнова стихозбирка „Крикови од неископан гроб“, по само четири месеци од првото претставување пред читателската публика, доживеа и второ издание, а неодамна, од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на Антоновски му беше доделена наградата „26 јули – Франк Манинг“ за најдобар студент во завршна година на студии.

На книжевната вечер, за Антоновски и неговите досегашни остварувања во книжевноста ќе говорат: проф. д-р Венко Андоновски, проф. д-р Кристина Николовска и Душко Крстевски. Делови од творештвото на овој млад автор ќе чита атерката Зорица Панчиќ, а музичката програма ќе биде во изведба на „Пламенка Трајковска – квартет“.

Similar Posts