|

ЛИКОВНА ИЗЛОЖБА – СЛИКИ ОД БУРИМ АЈДИНИ

ЛИКОВНА ИЗЛОЖБА – СЛИКИ ОД  БУРИМ АЈДИНИ

          Во Културно Информативен Центар – Скопје, понеделник,  7 март  2011 год. , во

Изложбениот  салон – Империјал 1 , во 20:30 ч. ќе се отвори изложба на слики од БУРИМ АЈДИНИ.

            Бурим Ајдини роден е 1980 год. во Тетово. Факултет за ликовни уметности , отсек сликарство , завршил на Државниот Универзитет во Тетово. Магистрирал на Академијата за ликовни уметности во Приштина во класата на проф. Тахир Емра , 2005 год.

      Од 1999 год. работи како професор по ликивно во  средното училиштето „ Моша Пијаде“  во Тетово.

       Реализирал една самостојна изложба воТетово , а учествувал на повеќе групни изложби во Р. Македонија, Р. Косово , Р. Албанија и на неколку меѓународни ликовни колнии.

      На изложбата авторот  ќе се претстави со слики работени во техника масло и акрилик, создадени последниве години.

      Истата ќе трае до 15. 03. 2011 г.

Similar Posts