|

РЕЦИТАЛ НА БЛЕРИМ ГРУБИ,виола и МАРИЈА ВРШКОВА,пијано

Културно-Информативен Центар – Скопје има особена чест и задоволство да ве покани на рециталот на БЛЕРИМ ГРУБИ, виола и МАРИЈА ВРШКОВА, пијано – 22.01.2013 /вторник/ – Салон 19:19 во 20.00 часот. На програмата ќе бидат изведени дела од: Шуман, Брамс, Вјетан, Пендерецки и Хиндемит.

Блерим Груби е роден во Скопје 1965 година. Нижо и средно музичко образование завршува во ДМБУЦ “Илија Николовски-Луј” во класата на проф. П. Николов и проф. Б. Братоев. Дипломира и магистрира на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на проф Љубомир Господинов. Во периодот 1991/95 учесник е на мајсторски курсеви кај светски познато име Јуриј Башмет на Академијата “Chigiana”– Сиена, Италија.
Со станување член на Македонската филхармонија, полни 13 години, следува искуството во оркестарското свирење. Паралелено остварува и уметничка кариера како солист и камерен музичар низ бројни настапи во поранешна Југославија, Македонија, Албанија, Италија, Германија, Австрија, Шпанија, Португалија, Норвешка, Јапонија, САД… Соработува со видни диригенти и солисти.
Активен во организација на музичкиот живот. Основач на : Сојуз на албански музички и балетски уметници во Македонија, Ансамбл Vivendi, Гудачко трио Kosova,Ансамбл Бахус, Тетовски универзитет…
Во 2006 издава CD албум кој е промовиран во Скопје, Приштина и Тирана.
Долги години успешно соработува со пијанистката Марија Вршкова.
Блерим Груби е редовен професор на Државниот универзитет во Тетово и Универзитетот во Приштина.

Similar Posts