|

„Ученички научни екскурзии со иновативни материјали низ наставната практика” од Трајче Н.Ѓеловски

Трајче Н. Ѓеловски е роден 04 јануари 1929 година во село Дабниште – Кавадарци. По професија е одделенски наставник со звање особено истакнат педагошки работник. Живее и работи во Скопје од 1955 година.Сега е пензионер.
Целиот работен век го минува во воспитно образовната дејност.
Меѓу другите награди добитник е и на наградата „ 13-ти Ноември“ на градот Скопје во 1979, наградата од МАНУ за историскиот отворен час на тема „ 11Март“ и признание од Еврејската заедница на Југославија. Сите овие активности како и неговата активност во редакцијата за наставни средства и наставна технологија во Просветно Дело довеле во 1982 година да се стекне со звање „ Особено истакнат педагошки работник“.
Наставникот Трајче Н.Ѓеловскии во својата девета деценија од животот активно твори. Последното негово дело е „Ученички научни екскурзии“ кое претставува аудио визулелен документарен материјал и го отсликува времето на примената на амбиенталната настава во РМ.
Делото „Ученички научни екскурзии со иновативни материјали низ наставната практика“ претставува документарен материјал и го отсликува времето на примената на амбиенталната настава кај нас. Издадено е во печатена и аудиовизуелна форма и прикажува десетина ученички научни екскурзии во кои што учениците се ставени во активна положба.
Книгата ќе ја промовира мр.Татјана Гогоска,Жаклина Мучева-водител и Роза Василевска-рецензент.

Similar Posts