|

РЕЦИТАЛ, Нинослав Димов-саксофон

Културно-Информативен Центар – Скопје има особена чест и задоволство да ве покани на рецитал на Нинослав Димов-саксофон,во чест на 200 години од раѓањето на Адолф Сакс (1814-1894),музичар, иноватор,дизајнер на музички инструменти, што ќе се одржи на 25.11.2014/вторник/ во Салонот 19:19 во 20. часот.

Културно-Информативен Центар – Скопје има особена чест и задоволство да ве покани на рецитал на Нинослав Димов-саксофон,во чест на 200 години од раѓањето на Адолф Сакс (1814-1894),музичар, иноватор,дизајнер на музички инструменти, што ќе се одржи на 25.11.2014/вторник/ во Салонот 19:19 во 20. часот. На програмата ќе бидат изведени дела од Бах,Лоба, Луиз,Ранц, Ескаиш и Хартли.
Антоан-Јозеф Сакс, син на Шарл-Јозеф Сакс произведувач на дувачки музички инструменти, е роден во Динант, Белгија, во време кога индустриската револуција е во својот најголем подем. Понесен од самиот дух на индустријализацијата и секојдневните иновации, уште од рана возраст во работилницата на својот татко започнува со експериментирање за нови дизајни на музичките инструменти, така што две негови флејти и еден кларинет земаат учество на натпревар кога тој имал само 15 години. Последователно на тоа, тој самиот ги изучува овие два инструмента на Кралскиот Конзерваториум во Брисел.
По завршувањето на образованието, продолжува со иноваторската работа и креирање нови музички инструменти. Првата најзначајна иновација била унапредување на дизајнот на бас кларинетот, која ја патентира на негова 24 годишна возраст. Во 1841 година се сели во Париз, каде креира нов сет на инструменти кои што ги изложува во 1844 година. Овие инструменти кои се познати како саксхорни доживуваат огромен успех и се употребуваат и денес во скоро сите дувачки и воени, па и симфониски оркестри. Во годините што следуваат, без разлика на успехот, Сакс неуморно работи на унапредување и создавање на нови музички инструменти.
Но најпознат станува по сосема новиот инструмент, саксофонот, кој го патентира на 28 Јуни 1846. До тогаш ја има дизајнирано целата палета на саксофони (од сопранино до субконтрабас саксофон), и по препорака на Хектор Берлиоз, кој бил голем поддржувач на идејата на Сакс, од 1857 година му е обезбедено местото на професор на новотворената класа по саксофон на Конзерваториумот во Париз.
Иако саксофонот никогаш не станал стандарден инструмент во симфониски оркестар, тоа воопшто не ја намалило неговата вредност, ниту популарност. Напротив, денес сме сведоци дека саксофонот е можеби и најпопуларниот инструмент во светот, завземајќи го водечкото место за соло делници во било кој жанр од музиката, интересен како за публиката, така и за композиторите и самите изведувачи.

Similar Posts