|

РЕЦИТАЛ НА МАРИЈА ЃОШЕВСКА, пијано

Културно-Информативен Центар – Скопје има особена чест и задоволство да ве покани на рециталот на МАРИЈА ЃОШЕВСКА, пијано – 19.03.2013 /вторник/ – Музеј на град Скопје – 20.00 часот. На програмата ќе бидат изведени дела од : Шуберт, Шопен и Дебиси.

Марија Ѓошевска е еден од најистакнатите и најактивните пијанисти во Македонија. Секој нејзин нов настап ја потврдува констатацијата дека во нејзината личност македонската музичка сцена доби пијанист со врвни професионални перформанси, мунициозна виртуозност и изразита индивидуалност.
Средно музичко образование завршува во ДМБУЦ “Илија Николовски-Луј” во класата на проф. Снежана Анастасова Чадиковска . Дипломира/2002/, магистрира/2004/ и докторира/2009/ на ФМУ во Скопје во класата на проф. Борис Романов.
Добитник на повеќе награди и признанија на бројни државни и меѓународни натпревари.
Како солист и камерен музичар настапува на реномирани меѓународни фестивали: “Охридско лето”, “Скопско лето”, “Хераклејски вечери”, ширум Европа и во САД. Редовно настапува како солист со Македонската филхармонија, Дубровачки симфониски оркестар, Камерниот оркестар на МММ, Фестивалскиот оркестар на “Охридско лето”…
Репертоарот на Марија Ѓошевска опфаќа бројни дела од барок до современа музика.
Марија Ѓошевска е редовен професор на катедра по пијано на ФМУ во Скопје. Како професор често е член на државни и меѓународни натпревари.

Similar Posts