|

МАКЕДОНСКА БАЛЕТСКА СЦЕНА

Културно Информативен Центар -Скопје, ве поканува на промоција на книгата „МАКЕДОНСКА БАЛЕТСКА СЦЕНА“, издавач:“ПАНИЛИ“ од Емилија Џипунова, на ден 29.05.2013год.(среда),Салон 19:19, почеток во 19:19 часот. Емилија Џипунова, балерина и балетски критичар, една од основопложниците на балетската уметност во Македонија.Покрај балетското образование го заокружува своето високо образование како апсолвент на Филозофскиот факултет, во Скопје.Таа е долгогодишен солист на балетот при Македонската опера и балет, каде што остварува бројни улоги.Подоцна започнува со балетска критика и е активна во тоа поле.Авторка е на две телевизиски серии за балетска уметност и соработник на многу научни публикации.За својата работа и придонес добитник е на повеќе значајни награди и признанија. Книгата во која се собрани поголем дел осврти на Емилија Џипунова, кон настаните од областа на Балетската уметност изведени на македонската балетска сцена и алтернативните простории во Скопје и надвор од земјата.Осврти печатени во дневни весници,списанија и во емисии. Книгата ќе ја промовираат, проф.др.Љубинка Басотова и др.Соња Здравкова Џепаровска, музичка изведба на Роска Бадева,пијано и настап на ученици од ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“.

Емилија Џипунова, балерина и балетски критичар, една од основопложниците на балетската уметност во Македонија.Покрај балетското образование го заокружува своето високо образование како апсолвент на Филозофскиот факултет, во Скопје.Таа е долгогодишен солист на балетот при Македонската опера и балет, каде што остварува бројни улоги.Подоцна започнува со балетска критика и е активна во тоа поле.Авторка е на две телевизиски серии за балетска уметност и соработник на многу научни публикации.За својата работа и придонес добитник е на повеќе значајни награди и признанија.Книгата во која се собрани поголем дел осврти на Емилија Џипунова, кон настаните од областа на Балетската уметност изведени на македонската балетска сцена и алтернативните простории во Скопје и надвор од земјата.Осврти печатени во дневни весници,списанија и во емисии.Книгата ќе ја промовираат, проф.др.Љубинка Басотова и др.Соња Здравкова Џепаровска, музичка изведба на Роска Бадева,пијано и настап на ученици од ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“.

Similar Posts