КНИЖЕВНОСТ

Со единствена цел: афирмирање на македонскиот пишан збор низ повеќе различни форми и активности и активна соработка со “Друштво на писатели на Македонија”, актери, музичари, издавачки куќи…, во изминатите половина век, во култниот “Салон 19’19“, над 1100:

  • Литературни вечери
  • Театар на поезија
  • Драмски рецитали
  • Поетски средби на млади
  • Издавање на нови книжевни изданија во сопствена продукција
  • Средби со автори

Форми на монодрамското презентирање…, критички осврт за авторот, делото или пак, соодветната тема, артистичка изведба на делови од творештвото, како и овозможување на непосреден дијалог со конзументите на овој вид уметност. Често, ваквите средби добиваат форма на драматизација низ соодветна артистичка изведба.

Повеќе години, КИЦ е одговорен за финалниот дел на “СТРУШКИ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈАТА”, како и за “СКОПСКО ЛЕТО”.

Во рамките на КИЦ, пред повеќе од половина век, формирана е првата библиотека во Македонија со македонски и европски печатени мас-медиуми.

Сите најистакнати имиња од македонската литература, и голем број автори од балканските држави: Густав Крклец, Десанка Максимовиќ, Васко Попа, Момо Капор, Цирил Злобе, Матеја Бор…, проследени со артистички настапи на Марија Црногори, Ружица Сокиќ, Љуба Тадиќ…