ЛИКОВНА УМЕТНОСТ

Половина век на полето на ликовната уметност КИЦ делува континуирано, афирмирајќи ја и популизирајќи ја ликовната уметност во Европа и светот. Рализирани над 1200 ликовни изложби, застапувајќи ги сите ликовни дисциплини и сликарски техники, вклучително и бројни перформанси, инсталации…

ИЗЛОЖБЕН САЛОН

Галериите започнуваат да функционираат за афирмирани автори, но и за млади уметници, кои токму тука ги имаат своите први самостојни изложби, а подоцна, многумина од нив стануваат познати. Исто така, активно функционира меѓународната соработка со реализирање на најразлични изложби од повеќе држи од Европа и светот.
Културно Информативен Центар, располага со богата колекција на ликовни дела, откупени и подарени од уметниците кои имаат изложби во галериите, а некои од тие дела се од национално богатсво за државата, повремено презентирани за јавноста.
1959 – отворена I изложба “Ликовни уметници – аматери од Македонија”

1982 – отворен “Продажна галерија”, прва, од ваков вид во Македонија. Истата година се организира и првата Аукција на ликовни дела. Вакви аукции се организираат во повеќе наврати, понекогаш со хуманитарен карактер.
1991 – “КУЛ-ПАРК” просторот за бројни мултимедијални проекти.
Загребски културен мозаик во Скопје и Скопски културен мозаик во Загреб – соработка меѓу двата културни центри – презентирани творештвата на македонските и хрватските уметници од повеќе уметнички жанрови.
Денови на Белградска култура, Денови на Руска култура, Денови на Шведска култура – културни манифестации организирани на база на реципроцитет.

ИМПЕРИАЛ

Самостојни изложби на слики, скулптури, керамика, графики, цртежи, таписерии; групни изложби; тематски изложби; меѓународни ликовни колонии.
1994 – МАК-ГРАФ (македонска графика) графичко атеље.
Сите најзначајни имиња – основноположници на македонската современа ликовна уметност со самостојни изложби се дел од од КИЦ: Никола Мартиноски, Лазар Личеноски, Томо Владимирски, Вангел Коџоман, Петар Мазев, Драгутин Аврамовски Гуте, Родољуб Анастасов, Миле Корубин, Васил Василев, Катја Ефтимова, Ванчо Георгиев, Глигор Чемерски…, како и од Европа и пошироко: Питер Кунинг, Егон Шиле, Густав Климт, Герхард Холеман, Ѓорѓе Андреевиќ – Кун, Едо Муртиќ, Златко Прица, Пеѓа Милосавњевиќ, Мило Милуновиќ, Фердинанд Кулмер, Владимир Величковиќ.