ЗА НАС

ПОВЕЌЕ ОД ПОЛОВИНА ВЕК – секојдневно континуирано создавање културни вредности, конзументи, “зависници“ на создадените вредности, промовирање и афирмирање на македонската култура и уметност во Европа и светот:

МУЗИКА – на сцената на првиот и единствениот камерен простор, култниот “Салон 19’19“ и ширум Македонија и Европа, организирани и координирани повеќе од 2 000: камерни концерти, рецитали, џез концерти, носачи на звук, I ФЕСТИВАЛ НА ЦРКОВНО ИСТОЧНО ПЕЕЊЕ…

ТЕАТАР – на сцената на култниот “ Салон 19’19 “: драмски претстави, комедии, монодрами, дуодрами, детски драмски студиа…

ЛИКОВНА УМЕТНОСТ – I-ва ликовна галерија во Македонија: ликовни изложби, перформанси, ликовни студиа, графичко атеље… Мартиноски, Личеноски, Владимирски, Коџоман, Тодороски, Мазев, Гуте, Ташковски, Анастасов, Корубин, Траиковски, Чемерски, Климт, Кун, Муртиќ, Прица, Милосавњевиќ, Кулмер, Величковиќ, Кунинг, Егон Шиле, Холеман…

I-ва Продажна галерија во Македонија

КНИЖЕВНОСТ – македонскиот, европскиот, светскиот пишан збор:

театар на поезија, драмски рецитали, издавање на нови книжевни изданија во сопствена продукција, средби со автори, монодрамски презентирања, критички осврти за автори, дела и/или пак, соодветни теми, артистички изведби на делови од творештва, како и непосреден дијалог со конзументите на овој вид уметност…

I-ва библиотека во Македонија со македонски и европски дневни изданија на печатени мас-медиуми.

Мултимедијални спектакли – “ВИДИ МУЗИКА – СЛУШНИ СЛИКА – ДОБИЈ КНИГА“, културно-историски манифестации – “ДЕНОВИ НА ЈУСТИНИЈАН“, јавни дебати и трибини за актуелни општествени текови, семинари, информации, “СТРУШКИ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈАТА“, “СКОПСКО ЛЕТО“.