Академик Али Алиу е добитник на државната награда 22-ри Ноември
Академик Али Алиу е добитник на државната награда 22-ри Ноември која се доделува за остварувања во областа на политичкиот, културниот и општествениот живот во земјава.
Добитникот, како што соопшти Министерството за култура, е награден за неговиот придонес во унапредување на литературното творештво во Република Северна Македонија.
За престижната награда, Акадамик Али Алиу беше номиниран од Културно Информативниот Центар – Скопје.
Од биографијата на Академик Али Алиу:Али Алиу е роден е во Крани, Преспа на 1 април 1934 година.
Завршил Филолошки Факултет во Белград. Доктор по филолошки науки.
Бил професор на Филолошкиот факултет во Приштина.Член на ДПМ од 1975 година.
Автор е на книгите: Истражувања (есеи и критики, 1970), Расправи (студии, 1975), По тековите на книжевноста (есеи, 1978), Критики (1980), Книжевни студии (1982), Теорија на книжевноста (1984), Литературни читања, Литература (учебници за повеќе одделенија во основното и класови во средното образование), Дон Кихот меѓу Албанците (есеи, 1996), Книжевни рефлекси (есеи, 1999), Антологија на современата албанска поезија (2000).