|

Изложба на слики насловена „ ПТИЦИ

Во ЈУ Културно Информативен Центар – Скопје, во Изложбениот салон – Империјал 1, вторник, 7 мај 2019 год. во 20:00 ч. ќе се отвори изложбата на слики насловена „ ПТИЦИ ( за мојата ќерка) “ од ЈОРДАНЧО КИЦОВСКИ.
На изложбата авторот ќе се претстави со 20 дела, работени акрилик на платно, создадени последниве три години.
Биографија
Роден е 1980 год. во Скопје. Факултет за ликовни уметности завршил во Скопје ( графика, реставрација и конзервација ).
Слика на ѕидови и фасади, изработува сувенири, икони, слики, цртежи, стрипови …
Реализирал 1 самостојна изложба во Скопје и повеќе групни изложби во Р. Северна Македонија и САД. Учествувал на неколку ликовни колонии во Р. Северна Македонија.

Similar Posts