| |

“ФОРТУНА“ -TUNA

Пејачката Алтуна Сејди – ТУНА, промотивен концерт во Македонска Филхармонија
Алтуна Сејди – ТУНА, име кое веќе е познато на сите генерации љубители на албанската забавна музика. За време на нејзината 18-годишна кариера, таа ги зазела сцените на албанските земји. Така да нејзината музика се искачи на врвот на топ листите, каде што ги зароби сите медиуми во музичките програми. Таа стана симпатична пејачка од многу генерации. Денес, младите ја имаат својата песна од нејзината уста. Карактеристично е дека другите етникуми, како што се Македонците, Турците, Бошњаците, Србите, итн, ја препознаваат нејзината песна. Ова го подразбира дека музиката и гласот на Туна немаат граници. По едно затишје, како што уметниците го нарекуваат “креативна тишина”, но овојпат тишина за посветеност на семејството, Туна се враќа во Скопје, во Македонската филхармонија на 8 март, 2019, во 20:00 часот во организација на Културно Информативен Центар – Скопје (КИЦ), со концерт за да ја одбележи својата кариера, скоро две децении во животот на музиката. Имаше само 15 години кога се појави во музичката сцена. Таа дојде поинаку со нејзиниот имиџ и во нејзиниот стил на песна, таа мислеше дека тешко да се прилагоди, но се случи како што пејачката сакаше, и веднаш ги освои срцата на љубителите на уметноста. Девојката од Скопје, се сметаше за енергична девојка, уникатна на сцената и со привлечен глас. Таа со нејзините ритмички песни брзо да стане популарна во Косово, Македонија и Албанија. Влегувањето во музичката сцена веднаш се најавува како победникот на Фестивалот на фестивалот “НОТА ФЕСТ“, во Скопје. Оваа победа и ги отвори вратите во секоја сцена каде се пееше песната. Туна, како борбено девојче, смело, со желба и копнеж да го пренесе својот глас на публиката, ја отпочнува својата кариера соработувајќи со гласни музички имиња. Се качува на сцената и остава траги, неизбришливи траги. Музиката стана дел од неа, и иако млада, добива статус на тренер во музичката програма “X-фактор на Албанија”. Потоа учествува во комисии на различни музички фестивали.
Песните што ќе ги изведе во Скопје се избрани песни, песни кои се убави и најверојатно направени со лубов, песни што се памтат и ќе ги пеат луѓето. Таа издаде неколку албуми, кои се на пазарот. Нејзините најпопуларни песни се: “Да живееме“, “Чао Мачоман“, “Пироман“, “Туна“, “Нема веќе диктатура“, “Тестамент“,“ Психолози“, “Женска сила“, “Инат“ “,” Сакаме “, итн …

Similar Posts