|

Звуците на чаршијата

Почитувани, Културно Информативен Центар – Скопје ве поканува на манифестацијата “Звуците на Чаршијата“, што ќе се одржи на 22-23 септември, 2015.

Почитувани,

Културно Информативен Центар – Скопје ве поканува на манифестацијата “Звуците на Чаршијата“, што ќе се одржи на 22-23 септември, 2015.

Фестивалот е дестинација на квалитетна забава и ги почитува обичаите и духот на старата Скопска Чаршија.

Тесните улички на старата чаршија на 22 и 23 септември, ќе бидат домаќини на голем број уметници кои ќе творат и ќе ги забавуваат скопјани. Преку многубројните концерти од сите жанрови, перформанси, фолклорни настапи, поезија,ликовна колонија, презентација на занаети и годинава Старата скопска чаршија ќе живее во духот на традицијата.  Оваа градска културна манифестација е првиот чекор што Град Скопје го направи во 2006 година, како иницијатива за заживување на Старата скопска чаршија тоа значи дека оваа година “Звуците на Чаршијата” се организира по 9 пат. Градот Скопје и Културно информативниот центар – Скопје се покровители и организатори на „Звуците на чаршијата“, а во реализацијата на манифестацијата е и Општина Чаир и Македонски Телеком.

Програмата на манифестацијата “Звуците на чаршијата” ќе биде богата. На 22 септември (вторник), на програмата ќе се одржи на плоштадот “Филип Втори”, со почеток во 21:00 часот, со учесници: Шпенд Латифи и бендот “Слаткаристика”. На 23 септември (среда) со почеток во 12:00 часот со Аква Dens, за да се продолжи со група на староградси македонски песни Серенада, Виница, понатаму Sarana Османи со група на млади  инструментисти со класичните инструменти, ликовна колонија, Културно уметнички друштва и литературна вечера до 20:00,  а од 21: 00-24: 00 часот во Куршумли Ан,  ќе се одржи програма со гости : Шкурте Фејза и оркестар Агим Бенд, Адријан Гаџа, Линдон, Флоријан и Ледри & Ера Истрефи.

Similar Posts